Added by on 2014-03-12

justitiaЦентарот за развој на медиуми (ЦРМ), во рамките на проектот на УСАИД за одговорни медиуми и законодавни реформи во медиумската сфера, на 13 март 2014 (четврток), во Клубот на новинари, со почеток во 11.30 часот, организира дебата: „Што донесе декриминализацијата на клеветата?“

Во дискусијата што ќе ја модерира новинарот Саше Димовски, како панелисти ќе учествуваат: адвокатот Филип Медарски, уредничката на неделникот „Фокус“, Јадранка Костова и претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Насер Селмани. Очекуваме присуство на судиите кои ги водат предметите за навреда и клевета во Основниот суд Скопје 2 Скопје, како и на новинари, експерти за медиуми, и претставници од граѓанскиот сектор кои се занимаваат со човековите права и слободата на изразување.

На дебатата ќе биде презентиран првиот извештај од мониторингот на судските случаи за навреда и клевета, кој го спроведува Центарот за развој на медиуми и кој го опфаќа периодот од 1 февруари 2013, до 28 февруари 2014 година. ЦРМ, континуирано ги следи судските случаи за навреда и клевета во кои се вклучени новинари, уредници и медиуми, а едновремено им обезбедува и правна помош на новинарите.

Имајќи го предвид фактот дека новиот Закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета е од исклучително големо значење за слободата на изразување и слободата на медиумите во Република Македонија, дебатата ќе биде фокусирана на тоа како се применува овој закон во судската пракса и какво влијание има врз работата на новинарите и медиумите во државава.

Ве молиме, Вашето присуство да го потврдите на телефонскиот број (02) 3136-340 или на e-mail адресата: info@mdc.org.mk.