Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги на Европската Унија ги регулира аудиовизуелните медиумски услуги, вклучувајќи ги и телевизијата и услугите на интернет. Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги ги покрива сите услуги што нудат аудиовизуелни содржини, без разлика која технологија се користи за пренесување на содржините. Правилата важат подеднакво без оглед дали гледате вести или друга аудиовизуелна содржина на ТВ, на интернет или на вашиот мобилен телефон. Директивата 2010/13/ЕУ на Европскиот Парламент и на Советот, усвоена на 10 Март 2010 година, е донесена за усогласување на одредени одредби утврдени со закон, регулативи или административна мерки во државите членки на ЕУ поврзани со регулацијата на аудиовизуелните медиумски услуги (и ја заменува Директивата 98/552/ЕЕЗ). Повеќе за Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги прочитајте на овој линк. Директивата е приложена кон оваа статија како PDF документ. AVMS DIRECTIVE
on 2014-02-24