Added by on 2011-02-14

crm_i_info_centar_ogo_542008538А П Е Л
СТОП за говорот на омразата и поттикнувањето меѓуетнички тензии и инциденти

Во последните неколку денови сведоци сме на засилен говор на омраза присутен во традиционалните и новите медиуми, кој значително ја вжештува атмосферата и поттикнува натамошно насилство.
Инцидентот што во неделата се случи на Скопското Кале претставува сериозна закана за меѓуетничките односи во Република Македонија. Физичкото насилство на кое сите ние бевмe сведоци претставува резултат на отсуството на јавна дебата и отворен и цивилизиран дијалог.
Центарот за развој на медиуми и НВО Инфо центарот апелираат до сите засегнати страни, политички партии, невладини организации, медиуми и сите граѓанки и граѓани на Република Македонија да ги смират страстите и да се воздржат од дополнително поттикнување етничка омраза.
Ги повикуваме новинарите со особено внимание и претпазливост да известуваат за инцидентите и во согласност со професионалните стандарди да дејствуваат одговорно.
Бараме од институциите на системот внимателно да ги следат состојбите и секое повикување на етничка и верска нетрпеливост, како и поттикнување на насилство, да го санкционираат во согласност со законите.

Центар за развој на медиуми
НВО Инфоцентар

Категорија

In-house