Added by on 2013-05-07

На 22 април 2013 година во хотел Холидеј Ин во Скопје се одржа дебата за потребата за донесување на закон за медиуми. Дебатата беше организирана од страна на Центарот за развој на медиуми Скопје.

BDD_8418Целта на оваа дебата беше медиумската заедница да продискутира околу потребата за донесување на закон за медиуми. Истата беше поттикната од фактот дека Владата излезе во јавност со сеопфатен закон за медиуми и притоа, не ја отвори дебатата за потребата од ваков закон, земајќи предвид дека во досегашниот правен систем на РМ, освен радиодифузијата, останатите типови на медиуми и работата на новинарите никогаш не биле предмет на регулација.

На дебатата учество зедоа 60-тина претставници од разни медиуми, кабловски телевизии, невладини и меѓународни организации, како и претставници на амбасадите во Република Македонија. Беа дадени многу мислења и предлози за натамошно делување, а на крајот беа донесени следните заклучоци:

1. Содржината и начинот на кој што е изготвена работната верзија на законот за медиуми предложена од страна на Министерството за информатичко општество и администрација се неприфатливи за медиумската заедница.

2. Медиумската заедница е подготвена да организира инклузивен и отворен процес на законски измени во медиумската сфера и да предложи решенија согласно потребите на едно демократско општество;

3. Медиумската заедница ги препознава како добра основа за делување: Акциониот план од Маврово, меѓународните документи и забелешките за слободата на изразување и состојбата со медиумите во Македонија

Категорија

Активности