Added by on 2015-11-19

Odrzlivost na Mediumite coverЦентарот за развој на медиуми, во рамките на Програмата на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Македонија, Проект за одговорни медиуми и законодавни реформи во медиумската сфера, во текот на 2014/2015 година, спроведе Програма за техничка помош за информативните интернет-страници и портали.

Целта на програмата беше да се тестираат неколку опции на алтернативни и нови извори на финансии надвор од продажбата на банери. Таквата цел беше избрана поради новите трендови во индустријата на огласување кои ги донесе појавата на интернетот и брзиот развој на огласувањето на дигиталните платформи во кое доминираат големите технолошки компании – пребарувачи, социјални мрежи и медиуми.

На јавниот повик, објавен во јуни 2014 година, се пријавија вкупно 20 интернет страници и портали. Од нив, стручното жири од петмина ескперти и практичари во областа на огласувањето на интернет избра десет информативни портали кои известуваат за дневните политички и економски настани и состојби во Македонија.

Иако јавниот повик посочуваше дека кандидатите можат да предложат своја идеја за тестирање, само неколку од десетте кандидати се јавија со сопствен предлог. Другите портали тестираа идеи кои беа развиени во соработка со Центарот за развој на медиуми.

Овој документ содржи преглед на ситуацијата и трендовите во дигиталното огласување во светот и кај нас, како и резултати од програмата за техничка помош. Документот е двојазичен, на македонски и англиски јазик (Англиската верзија почнува на страна 31 од документот.

Одржливоста на медимите во дигиталното опкружување – Извештај од програмата за тестирање на алтернативни приходни линии за информативните интернет страници