
Центарот за развој на медиуми ве поканува да учествувате на вебинарот „Истражување на интернет страници“, што ќе се одржи во петок, 18 октомври 2024 година, преку онлајн-платформата за конференции „ЗУМ“, со почеток во 15 часот.
Ова е трет од серијата вебинари наменети, пред сè, за новинари и редакции, како помош во справувањето со напливот на непроверени, често невистинити и злонамерни информации достапни преку интернет и социјалните мрежи и медиуми. Вебинарот е фокусиран на прашањето на внатрешната организација на проверката на факти во редакциите, соодветните системи и модели, како и поврзаните процеси што овозможуваат соодветна проверка на фактите пред нивно објавување.
Предавач на вебинарот е Крег Силверман (Craig Silverman), новинар, автор и обучувач. Силверман е еден од водечките експерти во светот за прашања на дезинформациите во онлајн сферата, лажните вести и дигиталните истражувања. Во моментот е дел од ПроПублика (ProPublica) каде пишува за изборите, платформите, информациите и манипулациите во онлајн сферата. Автор е на неколку книги и е уредник на серијата изданија „Прирачник за верификација“ на Европскиот новинарски центар (ECJ), што ЦРМ ги преведе на македонски и на албански.
Вебинарот е дел од проектот „Проверката на факти пред објавување во борбата против дезинформациите“, финансиски поддржан од Амбасадата на САД.
Линкот до вебинарот на ЗУМ.


English

