Центарот за развој на медиуми ве поканува да учествувате на вебинарот „Техники за интервјуирање“, што ќе се одржи во вторник, 31 март 2026 година, преку онлајн-платформата за конференции „ЗУМ“, со почеток во 16 часот.
Вебинарот е четврт од серијата онлајн-работилници што Центарот за развој на медиуми ги организира во рамките на проектот „Истражувачко новинарство за ерата на информативниот неред“. Работилниците се потпираат на индивидуални поглавја од „Прирачникот за верификација за истражувачко новинарство“ и од „Вовед во истражувачкото новинарство“ (издание на Глобалната мрежа за истражувачко новинарство GIJN), што наскоро ќе биде објавено на македонски и на албански јазик.
Вебинарите се наменети, првенствено, за новинари што не се специјализирани во областа на истражувачкото новинарство и работат во традиционални, мејнстрим редакции, но можат да бидат корисни и за претставници на граѓанските организации што вршат истражувања и се соочуваат со потреба од верификација на наодите и од примена на корисните техники на истражувачкото новинарство. Вебинарите, исто така, можат да им помогнат и на искусните истражувачки новинари, затоа што водичот „Вовед за истражувачко новинарство“ ги покрива и најновите трендови во областа на новинарските истражувања, особено во онлајн-доменот.
Работен јазик на вебинарот е англискиот јазик. Ќе биде обезбеден превод на македонски и на албански јазик.
Предавач на вебинарот е Николија Апостолу (Nikolia Apostolou), директорка на Ресурсниот центар на Глобалната мрежа за истражувачко новинарство. Во својата новинарска кариера нејзините стории и документарни филмови се објавени од повеќе од 100 медиуми од целиот свет. Нејзините документарци се прикажувани и наградувани на фестивали ширум светот. Таа предавала новинарство на Универзитетот на Атина и на Универзитетот „Пантејон“ во Атина. Стипендист е на „Дартовата“ и на „Фулбрајтовата“ програма. (Повеќе за нејзината биографија на линкот https://gijn.org/staff-member/nikolia-apostolou/).
Вебинарот е дел од проектот „Истражувачко новинарство за ерата на информативниот неред“, финансиски поддржан од Европската Унија.
А Г Е Н Д А
| Датум: 31 март 2026 година
Место: Онлајн платформа „ЗУМ“ Линк до вебинарот: https://us06web.zoom.us/j/86773251450?pwd=QU09CV3q5KhmaTa5aD45VyL7RubaLG.1 (Влезен код: 034979)
|
|
| 16:00-16:10 | Воведно обраќање
Дејан Георгиевски, Центар за развој на медиуми |
| 16:10-17:30
17:30-17:45
17:45-19:15 |
„Техники за интервјуирање, Дел 1“
Николија Апостолу, Глобална мрежа за истражувачко новинарсто
Пауза
„Техники за интервјуирање, Дел 2“
Николија Апостолу, Глобална мрежа за истражувачко новинарство |


English


