Added by on 2013-07-10

ScanЦентарот за развој на Медиуми, во рамките на Проектот на УСАИД за одговорни медиуми и законодавни реформи во медиумската сфера, спроведе истражување на функционирањето на информативните интернет-страници во Македонија.

Истражувањето се фокусираше на начинот на функционирање на нивните редакции, производството на содржини, но и на финансиското работење и начините на кои остваруваат приходи. Целта на истражувањето беше да се соберат податоци што ќе послужат во планирањето и дизајнот на натамошните активности во рамките на сегментот од проектот наменет за професионализација на новите медиуми.

Анализа на интернет порталите и информативните сајтови