Added by on 2012-08-21

Здружението на новинари во соработка со Центарот за развој на Медиуми обезбедуваат бесплатна правна помош за новинарите во РМ во случај на тужби за клевета и навреда. Условите на оваа бесплатна правна помош се следните:
– Текстот или прилогот да не содржи говор на омраза.
– Новинарот да не биде тужен од друг новинар.
– Новинарот да прифати да биде застапуван само од адвокатот кој ќе го добие преку програмата за правна помош.

Програмата за правна помош се обврзува да го застапува новинарот до завршување на судскиот спор во сите фази вклучително и затапување пред Судот за човекови права во Стразбур.

Освен за клевета и навреда, правната помош стои на располагање и за други дела за кои новинарот е тужен доколку се поврзани со објавување на текст или прилог или пак се резултат на истражувачка новинарска работа.
Правната помош стои на располагање и во случај на физички напад или психичка тортура на новинар од страна на трето лице вклучително и сопствениците на медиумите доколку тоа е поврзано со извршување на неговата работа.

За користење на правната помош ве молиме да контактирате со Драган Секуловски во ЗНМ на број 02/3298139. Или пак со Центарот за развој на медиуми на 023136340.

Правната помош е достапна во рок од 24 часа после првичниот контакт.
Специфичните услови и проценките за успехот на правната помош ќе ги добиете од адвокатот во рок од 5 дена. После тоа останува на барателот на правната помош сам да одлучи дали ќе ја прифати или не.

Со почит,
Здружение на новинари
Центар за развој на медиуми

Категорија

Активности