Added by on 2017-04-24

Policy doc. scen_naslovna_mkЦентарот за развој на медиуми, на 25 април 2017 година, вторник, во Клубот на новинарите во Скопје, со почеток во 11 часот, организира двочасовна дебата на тема:
Професионалните новинарски стандарди помеѓу регулацијата и саморегулацијата
На дебатата ќе биде претставен документот за јавна политика „Професионалните стандарди помеѓу регулацијата и саморегулацијата“. Документот е подготвен во рамките на активностите на подготовка на предлози и решенија за имплементација на итните реформски приоритети и препораките од „Извештајот на Прибе“.
Целта на дебатата е да се соберат мислења и коментари од актерите на медиумската сцена – новинари, медиумски професионалци, граѓанските организации и професионални здруженија од областа на медиумите – за темата на која се однесува документот за јавни политики. Мислењата и коментарите, и заклучоците што произлегуваат од нив, ќе бидат собрани и консолидирани и ќе бидат додадени кон документот пред неговото објавување и претставување до носителите на одлуки.
Дискусијата ќе ја модерира Столе Наумов.