Added by on 2014-11-10

naslovna makЦентарот за развој на медиуми, во рамките на програмата на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Република Македонија и Проектот за одговорни медиуми и законодавни реформи во медиумската сфера, во периодот од 15-ти јуни 2014-та година, до 15-ти октомври 2014-та година, ги набљудуваше судските постапки, поведени според Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, пред Основниот суд Скопје 2 Скопје.

Мониторингот се фокусира на спроведувањето на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, постапувањето на судиите при примената на материјалниот и процесниот закон во судските постапки, примената на праксата на Европскиот суд за човекови права, на Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи, како и на другите меѓународни документи и принципи за заштита на слободата на изразување, како и работата на судските служби.

Досегашната пракса, но и анализата на донесените правосилни пресуди, покажува дека постои драстична разлика во работењето на судот во случаите кога странки се политичари/државни функционери, наспроти случаите во кои нема нивна инволвираност, ниту како тужители, ниту како тужени.

Анализата на правосилната пресуда во случајот Мијалков – Фокус, покрај тоа што покажува дека функционерите уживаат повисок степен на заштита за разлика од новинарите и обичните граѓани, покажува и дека судот не го препознава јавниот интерес во определени случаи, дека, наспроти јуриспруденцијата на Судот во Стразбур, не го прифаќа поранешниот амбасадор за релевантен и сериозен извор на информации, а при утврдувањето на надоместоците воопшто не води сметка дека донесувањето на ваква пресуда ќе предизвика „оладувачки ефект“ врз истражувачкото новинарство и врз слободата на изразување воопшто.

Целиот извештај и приложен кој оваа статија како PDF документ.

CRM_Izvestaj br.3 Navreda i kleveta Okt 2014