Added by on 2018-04-03

Во февруари 2018 година, долгоочекуваниот Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по неколку рунди јавна расправа и собирање на коментари и сугестии, конечно беше усвоено од Владата на Република Македонија и доставено до Собранието на РМ.

Центарот за развој на медиуми продолжи со праксата на подготовка на коментари на предложеното законодавство, со дополнување на коментарите што веќе ги подготвивме за претходните работни верзии на Предлог-Законот во различните фази на неговата подготовка. Последните коментари, на измените што настанаа во периодот по објавувањето на Нацрт-Законот на системот ЕНЕР и неговото усвојување од Владата се означени со црвени букви.

Коментарите се приложени кон оваа статија.

Коментари на финалниот Нацрт-закон за измени и дополнувања на ЗААВМУ