Added by on 2020-07-07

Потребата од длабоки реформи во медиумскиот сектор на Република Северна Македонија, која постои подолго време, ако не и од неговото воспоставување, и формално беше препознаена и кондензирана во препораките на два значајни документи – во т.н. Извештај на Прибе (Препораки на групата на искусни експерти за системските прашања за владеење на правото поврзани со следењето на комуникациите откриено во пролетта 2015 година) и Итните реформски приоритети на ЕУ.

Реформите треба да обезбедат соодветни одговори на отворените прашања во неколку области – одржливоста на медиумскиот сектор, независноста на медиумите од политички и економски притисоци, и обезбедување дека граѓаните ќе имаат пристап до квалитетни информативни, образовни и забавни/културни содржини.

Центарот за развој на медиуми, со поддршка на програмата МАТРА на Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија, во рамките на проектот „Мониторинг и политики за реформиран медиумски сектор“, го следи спроведувањето на медиумското законодавство од страна на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Програмскиот совет на МРТ, како и текот на процесот на медиумски реформи. Истовремено, во рамките на проектот, ЦРМ ќе обезбеди коментари на евентуални предложени законски решенија и документи со предлози за јавни политики што ќе помогнат во постигнувањето на целите на потребните реформи.

Приоритетите во други области што за себе ги зацрта Владата, фокусот на надворешно-политички прашања и претстојните избори, придонесуваат реформите во медиумскиот сектор да се одвиваат крајно забавено, со многу доцнење од иницијално предвиденото темпо. Дополнително, закажаните Парламентарни избори (и нивното подоцнежно одложување за нов датум во јули 2020), како и кризата предизвикана од пандемијата на Ковид19 имаа влијание врз реформскиот процес, а и врз работата на АВМУ и на МРТ.

Овој извештај го покрива периодот од 1 јануари до 31 март 2020 година.

Овој документ е подготвен со поддршка на програмата МАТРА на Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија. Содржината на оваа публикација е единствена одговорност на Центарот за развој на медиуми и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија.

Целиот извештај е приложен на следниот линк:

Мониторинг извештај за прв квартал во 2020 година