Added by on 2007-05-21

По усвојувањето на измените на Законот за радиодифузија усвоени во 2007 година, Центарот за развој на медиуми ја увиде потребата од носење на еден стратешки документ кој ќе го мапира натамошниот развој на радиодифузната дејност во Република Македонија во периодот 2008-2012 година.

Целта на оваа стратегија е развој на разновиден и конкурентен радиодифузен сектор кој применува нови технологии преку плуралноста на платформите во насока за креирање на платформа за размена на идеи во општеството, а со цел обезбедување слобода во изразувањето и социјална дебата и реализација на културните, информативните и едукативните потреби на разнообразното македонско општество.

Националната стратегија за развој на радиодифузната дејност е приложена кон оваа статија.

Национална стратегија за развој на радиодифузната дејност