Added by on 2014-12-10

Naslovna od izvestaj slika cropДемократизацијата на општеството и на власта, секогаш е поттикнувана и следена од зголемен степен на слобода и еднаквост во јавната комуникација. Оваа врска е особено зајакната како последица, од една страна, на „медијализацијата“ на политиката односно на фактот дека политиката сѐ повеќе се одвива преку медиумите, а од друга страна, како последица на технолошките промени во медиумите кои резултираат со вонредно зголемени можности за јавно комуницирање во општеството.

Ваквите промени ја намалуваат разликата во комуникациската моќ меѓу власта и општеството, постојано зголемувајќи ги комуникациските можности и капацитети на граѓанинот. Оттука, како никогаш до сега, демократијата не зависела толку многу од слободарскиот капацитет на јавната комуникациска сфера.

Во центарот на ваквиот светоглед е секако, јавносервисната радиодифузија (понатаму во текстот – ЈСР). Всушност, постои изрека која недвосмислено ја потенцира природата на јавносервисната радиодифузија, која гласи: „Кажете ми во каква состојба е вашата јавносервисната радиодифузија, ќе ви кажам во каква состојба е демократијата во вашата земја.“

Документот за јавна политика „Од МРТ до независна јавносервисна радиодифузија во Македонија“, на авторот Климе Бабунски, преку споредби со меѓународните принципи за јавносервисната радиодифузија и состојбите во јавниот радиодифузен сервис во Македонија – Македонската радио-телевизија (МРТ), нуди објаснување на причините зошто МРТ сега не е јавносервисен радиодифузер и нуди неколку препораки како, со серија интервенции, законодавни и структурни, МРТ да се трансформира во вистински јавносервисен радиодифузер и јавен радиодифузен сервис.

Документ за јавна политика – Медиумите во Изборното законодавство