Added by on 2014-06-23

На 23 јуни 2014 година, на иницијатива на Центарот за развој на медиуми, со поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија и Фронтот за слобода на изразувањето, се одржа дебатата „Слободата на изразување избркана од Собранието, па оставена пред вратата на Уставниот суд – За што требаше да дебатира Уставниот суд при носењето на одлуката за новинарите?“

Говорници на дебатата беа Нада Наумовска од Фондацијата Отворено општество – Македонија, Насер Селмани – претседател на Здружението на новинари на Македонија, Филип Медарски – адвокат и застапник на новинарите во постапката пред Уставен суд во која се бараше утврдување повреда на слободата на изразување при настаните од 24 декември, Жарко Трајаноски од Фронтот за слобода на изразување и Билјана Бејкова од НВО Инфоцентар.

Во рамки на дебатата беше презентирано и правното мислење на меѓународниот експерт за заштита на слободата на изразување – Бојко Боев, правен советник во меѓународната организација Атрикл 19,  кој на барање на Центарот за развој на медиуми, изработи правно мислење – коментар на Одлуката на Уставниот суд, со која не беше констатирана повреда на слободата на изразување, по исфрлањето на новинарите од собраниската галерија на 24 декември 2012 година. Модератор на дебатата беше Сеад Ризвановиќ, уредник и водител во телевизијата 24 Вести.

Правното мислење можете да го преземете на следниот линк Mislenje na Boyko Boev_Final_23062014

Целосната снимка од дебатата можете да ја погледнете на следниот линк www.vozivo.mk