Added by on 2025-01-15

Презаситеноста на медиумската сцена во сегментот на аудиовизуелни медиумски услуги, односно постоењето на поголем број на играчи од она што пазарот на реклами (под претпоставка дека тоа е, како што тврдат сите радиодифузери, основниот извор на приходи), одамна е препознаена како еден од основните проблеми на нашиот радиодифузен сектор.

Таа презаситеност има ефекти врз разновидноста и квалитетот на програмските содржини што и се нудат на публиката (доминација на информативните содржини, тн. „дневна говорна телевизија“ односно различни видови на разговорни емисии и панел дискусии, и попристапната од финансиска гледна точка сериска програма главно од турско или латиноамериканско производство). Тоа публиката ја турка кон странските ТВ компании за задоволување на потребите од други видови на содржини, пред

сè, квалитетна играна програма, спортски натпревари и друг вид на специјализирани програмски сервиси и содржини.

Причините, делумно се во фактот што нашата регулација секогаш доцнеше зад „ситуацијата на теренот“, но и некои приоди и политики што влијаеја на начинот на доделување на дозволите за емитување и условите за нивно добивање.

Центарот за развој на медиуми, во овој документ, се осврнува на политиката „еден субјект – еден програмски сервис“, како и на одредбите од ГЛАВА 4 од ЗААВМУ, што се однесува на заштитата на плурализмот и разновидноста на аудио и аудиовизуелните медиумски услуги.

Документот го изготвуваме со финансиска поддршка од Европскиот фонд за демократија (European Endowment for Democracy).

Документот е достапен за снимање, во ПДФ формат, на следниот линк:

Предлози за ревизија на Глава 4 од ЗААВМУ