Прирачникот за верификација е револуционерен нов ресурс за новинарите и вработените во службите за обезбедување помош и обезбедува разработени упатства за користење на кориснички содржини во кризни ситуации.
Во кризни ситуации, социјалните мрежи се претрупани со нови извештаи за ситуацијата на теренот, повици за помош и информации од спасувачките служби. Пренесувањето на вистинската информација често се покажува клучно во обликувањето на реакцијата на јавноста и на службите за помош; буквално може да се работи за прашања на живот или смрт.
Прирачникот нуди практични совиети за начинот на верификација и користење на информациите што ги доставило мноштво луѓе, како и дејствителени совети за подобрување на подготвеноста за катастрофи и кризни ситуации внатре во редакциите.
Иако првенствено наменета за новинарите и хуманитарните работници, Прирачникот можат да го користат сите. Советите и упатствата ќе им бидат подеднакво полезни на новинарите, граѓанските новинари, вработенит во службите за помош и спасување, волонтерите, студентите по новинарство, специјалистите за кризни комуникации или на припадниците на академската заедница што ги проучуваат социјалните медиуми.
Прирачникот го развиен и подготвен од Европскиот центар за новинарство, со седиште во Холандија, во рамките на иницијативата „Новинарство во кризни состојби“.
Преводот на „Прирачникот за верификација“ на македонски и на албански јазик беше подготвен во рамките на проектот „Истражувачко новинарство за ерата на информативен неред“, што Центарот за развој на медиуми го спроведува со финансиска поддршка од Европската Комисија, преку Делегацијата на ЕУ во Скопје.
Прирачникот за верификација (на македонски и на албански јазик, соодветно) можете да го прегледате, консултирате или снимите на следниот линк:


English

