Added by on 2013-06-05

CoE logoНа 31 мај 2013 година, Генералниот директорат за човекови права и владеење на правото на Советот на Европа го објави Мислењето за Нацрт-Законот за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги, предложен од македонското Министерство за информатичко општество и администрација. Мислењето го подготви Одделението за информатичко општество на Директоратот, врз основа на експертизата на Бернд Моес.

“Наспроти конвергенцијата, сѐ уште постојат значајни разлики помеѓу печатените и електронските медиуми од гледна точка на нивното влијание врз формирањето на јавното мислење. Тие разлики сѐ уште налагаат потреба од различни правни решенија. Авторите на овој нацрт се свесни за таа потреба но веројатно ги потцениле тешкотиите и сложеноста на таквиот потфат што ги носи избраниот приод кон темата. Постои добра причина зошто третманот на печатените и аудиовизуелните медиумски услуги преку одвоени закони останува правило во Европа, при што за печатот е резервиран многу полесен режим на регулација“, се вели во Мислењето.

“Законите за печатот главно се ограничени на набројување на специфичните права на печатените медиуми и новинарите, како што се слободата на печатот, без барање за лиценцирање, заштита од заплена, право да се одбие сведочење и привилегиран пристап до информациите, како и неколку обврски како што е објавувањето на импресум, податоци за сопственоста, правото на одговор и означување на рекламите. Регуларањето на сите масовни медиуми во еден единствен закон со себе носи опасност од непостојаност и неурамнотеженост, премногу регулација и недостиг од јасност за субјектите на еден таков сеопфатен закон“, се додава во Мислењето на Советот на Европа.

Целиот текст на мислењето (на англиски јазик) е приложен кон оваа статија.

Мислење од Советот на Европа во врска со Нацрт законот за медиуми