Added by on 2014-05-21

Со законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета се уредува граѓанската одговорност за штета нанесена на честа и угледот на физичко или правно лице со навреда и клевета. Законот ја гарантира слободата на изразување и информирање како една од битните основи на демократското општество. Ограничувањата на слободата на изразување и информирање законски се уредуваат со определување на стриктни услови за граѓанска одговорност за навреда и клевета, во согласност со Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи (член 10) и практиката на Европскиот суд за човекови права. Законот е донесен на 12.11.2012 година. Текстот на законот можете да го преземете на следиот линкЗакон за граѓанска одговорност за навреда и клевета