Центарот за развој на медиуми ве поканува да учествувате на промоцијата на водичот „Вовед во истражувачкото новинарство“ и на панел дискусија за состојбите во истражувачкото новинарство. Промоцијата и панел-дискусијата ќе се одржат во вторник, 3 март 2026 година, во Хотел „Холидеј Ин“ (сала „Скала“), со почеток во 10 часот.
Водичот „Вовед во истражувачкото новинарство“, преведен на македонски и на албански јазик од страна на Центарот за развој на медиуми, е издание на Глобалната мрежа за истражувачко новинарство (Global Investigative Journalism Centre) и е наменет за новинари од сите генерации, првенствено од редакциите на традиционалните, меинстрим медиуми, но и за студентите по новинарство, истражувачи на социјалните мрежи и сите други што работат на истражувачки проекти. Водичот е одговор на фактот дека меинстрим медиумите се помалку се занимаваат со истражувачко новинарсто кое во голем степен денес е домен со кој се занимаваат специјализирани редакции што функционираат на интернет, и обид да одговори на потребата од обука за основните вештини на истражувачкото новинарство како помош за редакциите на меинстрим медиумите. Водичот ќе биде достапен онлајн, на интернет страната на Центарот за развој на медиуми на 3 март 2026 година.
На Панел-дискусијата, ќе се говори за водичот, но и генерално за состојбите во истражувачкото новинарство и за односот што кон него го имаат традиционалните, меинстрим медиуми и редакции.
Преводите на водичот на македонски и ан албански јазик, како и претстојниот панел, се дел од Проектот „Истражувачко новинарство за ерата на информативен неред“, финансиран од Европската Унија. Проектот има за цел да придонесе кон подобрувањето на квалитетот и на одржливоста на истражувачкото новинарство во Северна Македонија, преку размена на знаења и вештини што ќе им помогнат на истражувачките новинари полесно да се справат со предизвиците што ги носи новото хаотични информативно опкружување, како и со идентификација на нови политики за поддршка на истражувачкото новинарство, вклучително и во мејнстрим медиумите.
На настанот, покрај претставници на Центарот за развој на медиуми, ќе говорат и Николија Апостолу (Nikolia Apostolou) од Глобалната мрежа за истражувачко новинарство, професор Д-р Јасна Бачовска – Недиќ од Факултетот за новинарство на УКИМ; и истражувачките новинари Џелал Незири (Xhelal Neziri) од Балканскиот институт за регионална соработка (БИРЦ) и Тамара Чаусидис од БИРН Македонија.
Настанот е хибриден, и дел од говорниците ќе настапат преку конференциска врска (ЗУМ). Можете да се вклучите во настанот и преку ЗУМ, на линкот https://us06web.zoom.us/j/88248665309?pwd=BVaSHGiwnC2klup4mqsmQqYwNxRTBg.1.
На настанот е обезбеден превод на албански и на англиски јазик.
ПРОМОЦИЈА И ПАНЕЛ-ДИСКУСИЈА
ВОВЕД ВО ИСТРАЖУВАЧКОТО НОВИНАРСТВО
Вторник, 3 март 2026 година,
Хотел „Холидеј Ин“, Скопје
| Датум: 3 март 2026 година, 10.00 часот
Место: Хотел „Холидеј Ин“ Скопје, Сала „Скала“ ЗУМ линк: https://us06web.zoom.us/j/88248665309?pwd=BVaSHGiwnC2klup4mqsmQqYwNxRTBg.1
А Г Е Н Д А
|
|
| 09:45-10:00 | Регистрација
|
| 10:00-10:10
|
Воведно обраќање
Дејан Георгиевски, Центар за развој на медиуми
|
| 10:10-11:00 | Панел-дискусија
Николија Апостолу, Глобална мрежа за истражувачко новинарство Д-р Јасна Бачовска – Недиќ, Факултет за новинарство и односи со јавност, УКИМ Џелал Незири, Балкански институт за регионална соработка – БИРЦ Тамара Чаусидис, БИРН Македонија
|
| 12:00-12:30
12:30 |
Дискусија
Кафе и освежување
|
Модератор на дискусијата е Билјана Бејкова.


English


