Added by on 2026-04-09

Центарот за развој на медиуми ве поканува да учествувате на вебинарот „Дата-новинарство и работа со податоци“, што ќе се одржи во среда, 15 април 2026 година, преку онлајн-платформата за конференции „ЗУМ“, со почеток во 16 часот.

Вебинарот е петти од серијата онлајн-работилници што Центарот за развој на медиуми ги организира во рамките на проектот „Истражувачко новинарство за ерата на информативниот неред“. Работилниците се засноваат на  „Прирачникот за верификација за истражувачко новинарство“ и „Вовед во истражувачкото новинарство“ (издание на Глобалната мрежа за истражувачко новинарство GIJN.

Вебинарите се наменети, првенствено, за новинари што не се специјализирани во областа на истражувачкото новинарство и работат во традиционални, мејнстрим редакции, но можат да бидат корисни и за претставници на граѓанските организации што вршат истражувања и се соочуваат со потреба од верификација на наодите и од примена на корисните техники на истражувачкото новинарство. Вебинарите, исто така, можат да им помогнат и на искусните истражувачки новинари, затоа што водичот „Вовед за истражувачко новинарство“ ги покрива и најновите трендови во областа на новинарските истражувања, особено во онлајн-доменот.

Работен јазик на вебинарот е англискиот јазик. Ќе биде обезбеден превод на македонски и на албански јазик.

Предавач на вебинарот е Пинар Даг (Pinar Dağ), уредничка за Туркије на Глобалната мрежа за истражувачко новинарство и предавач на Универзитетот „Кадир Хас“. Основачка е на Асоцијацијата за податочна писменост (Data Literacy Association), Платформата за дата новинарство на Туркије, и на „ДагМедиа“ (DağMedya) и организира работилници и наставни програми во областа на податочната писменост, отворените податоци, визуализација на податоци и дата-новинарство од 2012 година. Исто така, претседава со жирито на наградите за дата новинарство „Сигма“. (Повеќе за нејзината биографија на линкот https://gijn.org/staff-member/pinar-dag/).

Вебинарот е дел од проектот „Истражувачко новинарство за ерата на информативниот неред“, финансиски поддржан од Европската Унија.

Линкот до вебинарот на ЗУМ е https://us06web.zoom.us/j/82926900857?pwd=EoGpwbiiVbb0KAnvK7uGafoPqNn2rP.1

 

А Г Е Н Д А

 

 

 

Датум: 15 април 2026 година

Место: Онлајн платформа „ЗУМ“

Линк до вебинарот: https://us06web.zoom.us/j/82926900857?pwd=EoGpwbiiVbb0KAnvK7uGafoPqNn2rP.1

(Влезен код: 779600)

 

 

 

16:00-16:10 Воведно обраќање

Дејан Георгиевски, Центар за развој на медиуми

16:10-17:30

 

 

17:30-17:45

 

17:45-19:15

„Дата-новинарство и работа со податоци, Дел 1“

Пинар Даг, Глобална мрежа за истражувачко новинарсто

 

Пауза

 

„Дата-новинарство и работа со податоци, Дел 2“

 

Пинар Даг, Глобална мрежа за истражувачко новинарство